Гостивар
Гостивар ќе добие смарт Туристички инфо и промо центар
Советот на општина Гостивар на денешната седница даде зелено светло за изградба на монтажен Туристички и промотивен инфо центар, кој ќе биде лоциран во центарот на градот. Објектот ќе профункционира во рамки на проектот “Паметни Инфо и Промо Центри” (Smart Tourist Info and Promo Offices), со кој се предвидени вакви центри и во Тетово и Маврово Ростуше. Сите ќе бидат поврзани преку заедничка платформа, а соработка ќе се овозможи и со инфо центри од Косово и Албанија.
Центарот во Гостивар ќе биде со површина од 30 метри квадратни, од кои половината ќе се користат за информирање на туристи и посетители, а останатиот дел за промотивен материјал на локални производи. Планирано е вработување на четири лица, кои ќе работат во две смени.
Придобивките за угостителите, туристичките оператори и бизнис заедницата ќе бидат големи, велат од локалната самоуправа.
„Дирекна придобивка за економските и туристичките оператори од регионот на Гостивар е што ќе можат во изложбениот дел да ги изложат своите услуги, производи, продукти преку брошури, летоци и слично. Исто така, голема придобивка е и онлајн поврзувањето, кое ќе овозможи соработка меѓу центрите, размена на податоци и искуства“, објасни Бесим Догани од општина Гостивар.
Проектот се реализира со поддршка на Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Центарот за развој на полошкиот регион,
Смарт Туристичкиот инфо центар ќе биде поставен по завршувањето на Претседателските избори. За покривање на трошиците за негово функционирање на годишно ниво, ќе треба да се издвојат околу 35 илјади евра.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар