Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар ќе добие смарт Туристички инфо и промо центар

Објавено

на

Советот на општина Гостивар на денешната седница даде зелено светло за изградба на монтажен Туристички и промотивен инфо центар, кој ќе биде лоциран во центарот на градот. Објектот ќе профункционира во рамки на проектот  “Паметни Инфо и Промо Центри” (Smart Tourist Info and Promo Offices), со кој се предвидени вакви центри и во Тетово и Маврово Ростуше. Сите ќе бидат поврзани преку заедничка платформа, а соработка ќе се овозможи и со инфо центри од Косово и Албанија.

Центарот во Гостивар ќе биде со површина од 30 метри квадратни, од кои половината ќе се користат за информирање на туристи и посетители, а останатиот дел за промотивен материјал на локални производи. Планирано е вработување на четири лица, кои ќе работат во две смени.

Придобивките за угостителите, туристичките оператори и бизнис заедницата ќе бидат големи, велат од локалната самоуправа.

„Дирекна придобивка за економските и туристичките оператори од регионот на Гостивар е што ќе можат во изложбениот дел да ги изложат своите услуги, производи, продукти преку брошури, летоци и слично. Исто така, голема придобивка е и онлајн поврзувањето, кое ќе овозможи соработка меѓу центрите, размена на податоци и искуства“, објасни Бесим Догани од општина Гостивар.

Проектот се реализира со поддршка на Министерство за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Центарот за развој на полошкиот регион,

Смарт Туристичкиот инфо центар ќе биде поставен по завршувањето на Претседателските избори. За покривање на трошиците за негово функционирање на годишно ниво, ќе треба да се издвојат околу 35 илјади евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена