Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар во прво тримесечје со 136 новородени, а 204 починати

Објавено

на

Гостиварскиот регион во првото тримесечје од 2021 година бележи негативен природен прираст на населението, односно повеќе починати од новородени. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари, февруари и март на подрачјето на Општина Гостивар се родиле 136 бебиња, а починале 204 лица. Истиот период биле склучени 126 бракови, а имало 44 разводи.

И останатите две општини во регионот се со негативен природен прираст. Во Општина Врапчиште се регистрирани 40 новороденчиња, а 57 лица починале. Се формирале 78 нови брачни заедници, додека 5 парови се развеле.

Во Маврово-Ростуше се родиле 5 бебиња, починале 20 лица, бројот на склучени бракови е 10, развод имало еден.

На државно ниво, според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 7 % и изнесува 3.896 живородени деца. Бројот на умрените лица бележи зголемување од 35.8 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 6.925 лица, а од нив 21 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува – 3 029, што значи бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 20.9 % во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2 694 бракови. Во ова тримесечје се добиени 550 извештаи за разведените бракови.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена