Гостивар
Гостиварецот Владо Глигоровски со „Аманет ви оставам“ настапи на јубилејниот „Гоце Фест“

Познатиот пејач на македонска народна песна Владо Глигоровски од Гостивар беше дел од 35 годишнното јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени патриотски и родољубиви песни „Гоце фест“, што се одржа вп петокот (15 март) во Дом на културата во Скопје. Глигоровски настапи со песната „Аманет ви оставам“ за која музиката ја создадоа Златко Мерклер и Драган Матески, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот го направи Саше Митковски.
Публиката го награди Глигоровски со аплауз и букети, а од организаторите пејачот доби плакета и благодарница за редовно учество и успешни настапи на фестивалот, односно придонес во одржувањето на традицијата.
„Гоце фест“ се одржува од 1990-та година и до сега има продуцирано над 700 патриотски и родољубиви песни посветени на македонското историско минато и херои. Годинава настапија 19 изведувачи, меѓу кои и Нино Величковски, Круме Спасовски, Серафина Фантаузо, Јулија, Петар Нечовски и др.
Гостиварецот Владо Глигоровски со пеење почнува уште во училишните денови во ОУ „Денче Дејановски“ во Маврово, па продолжува како средношколец преку настапите со ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар. Во една прилика е препознат како талент и добива покана од тогашниот уредник и музички продуцент за народна музика Матеја Грујоски да учествува во МРТВ, по што започнува да се развива неговата кариера која трае над 30 години.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос