Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварската болница предмет на препирка меѓу Алијанса и Управата

Објавено

на

Огранокот на Алијанса за Албанците во Гостивар на прес посочи дека условите во гостиварската општа болница биле мизерни, а власта не покажувала никаква грижа за оваа здравствена установа.

„За тоа што се случува во оваа болница зборуваат и самите пациенти и сликите кои излегуваат од оваа болница, каде постои страв дека може да се заразите од нечистотијата. Повеќето граѓани на Гостивар се праќаат на лекување во скопските клиники за што трпат дополнителни трошоци. Ја потсетуваме јавноста, но и албанската владејачка партија, владата и министерот за здравство, дека во времето кога Арбен Таравари беше министер, проектот за реконструкција на гостиварската болница беше составен дел на Владината програма. Затоа, денес ги прашуваме тие кои се фалат дека работат и секогаш излегуваат во пресрет на потребите на граѓаните, каде го однесоа и што направиле со овој проект што требаше да ги подобри како условите за пациентите така и на вработените. Донаторите се грижат повеќеза граѓаните отколку Министерството, кое е должно парите со кои се полни буџетот преку даночните обврзници, да ги врати преку добрите услуги во јавните установи.“, рече Јасин Демири од АА.

Управата на болницата ги искоментира ваквите обвинувања како неточни. „Одлучивме на сите критики и неточни забелешки да одговориме само со работа и инвестиции и на никој друг начин, бидејќи не сме тука да правиме дневна политика како другите, туку сме во служба на пациентите и реализација на долгорочни проекти. Нагласуваме дека болницата набави опрема за анестезија, која е една од најсофистицираните и чини околу 60.000 евра. Со ова вредноста на капиталните инвестиции и медицинските помагала за 2018-2019 година е 510.000 евра или 31.365.000 денари. Ве информираме и дека во декември ќе започне целосна реконструкција на одделот за хирургија и други одделенија, проект во  вредност од околу 15.000.000 денари или 243.000 евра, еден од најголемите на болницата од сопствен буџет. За 2020 година составуваме бизнис план во кој се предвидува од буџетот да се издвојат значителни средства за поправка, реновирање на просторот, високософистицирана медицинска опрема и многу други капитални инвестиции за создавање подобри услови за пациентите.“, соопштија од болничкото раководтсво, наведувајќи и листа на набавена опрема и проекти за кои велат дека биле завршени во изминатите две години.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 14 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 15 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена