Поврзи се со нас

Вести

Гостиварски Комуналец објави неколку тендери – Што купува?

Објавено

на

На електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, актуелно можат да се најдат неколку огласи на Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, чија вкупна вредност се движи над 80 илјади евра.

Тендерот со највисока проценета вредност од 3 милиони денари се однесува на набавка на градежни материјали и алати за потребите на претпријатието. Во огласот пишува дека фирмата купува цемент, вар, арматури, ламинат, бетон, изолатори, керамички производи и друго.

Друг тендер е отворен за набавка на печатени материјали. Во него стои дека Комуналец бара: визит карти, флаери, папки, фактури за вода и смет, репрезентативни кесиња, пенкала, ексклузивни нотеси, пликови, патни налози, рекламно пано, светлечка реклама, маици, капи и друго. За оваа набавка се издвоени 1 милион денари.

Третиот јавен оглас е за набавка на алати, опрема, железарија и ситен инвентар со проценета врадност од 1,2 милиони денари. Во тендерската документација се наведува дека претпријатието купува: кабли, прекинувачи, адаптери, дозни и друго.

За сите тендери пишува дека критериум за доделување на договорот е најниската понудена цена.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена