Гостивар
Гостиварскиот Црвен крст собира донации за погодените од земјотресот во Албанија
Oпштинска организација на Црвениот крст во Гостивар ги повика сите граѓани, институции, компании од Општина Гостивар, Општина Врапчиште и Општина Маврово-Ростуше, да се солидаризираат со албанскиот народ и помогнат во справување со штетите кои ги предизвика разорниот земјотрес што ја погоди Албанија.
„Покрај парични средства кои може да се донираат преку телефонските броеви за та намена и Фондот за солидарност на Црвениот крст, граѓаните може да се донира и материјална помош: прехранбени производи (конзервирана храна, брашно, масло, ориз вода и др), средства за хигиена,
ќебиња, гардероба, душеци и се друго што е потребно на едно семејство полесно да се справи со последиците што ги предизвика оваа катастрофа.“, стои во соопштението од Црвен крст.
Донациите може да се достават во просториите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар на ул. „Мајор Чеде Филипоски“, бр.17, почнувајќи од денес (среда, 27 ноември), па се до четврток (28 ноември) во период од 9:30 часот до 18:00 часот.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди