Гостивар
Гостиварските гимназијалци со апел: Стоп за нееднаквости, невработеност, сиромаштија

Во гимназијата во Гостивар со пригодна активност, испраќање пораки и квиз прашања беше обележан 20-ти февруари, Меѓународниот ден на социјалната правда. Учениците пратија порака дека ќе се борат против секаква социјална нееднаквост, раслојување, насилство и угнетување, дека се против зголемување на сиромаштијата и невработеноста, како и против маргинализирање на одредени категории на луѓе.
-Посебен акцент учениците ставија на социјалната правда во училницата и училиштето потсетувајќи се на цитатот на Хаим Гинот: „Дојдов до застрашувачки заклучок дека јас сум одлучувачкиот елемент во училницата. Мојот личен пристап е тоа што ја создава таквата клима. Моето дневно рссположение е тоа што ја создава атмосферата. Како наставник поседувам огромна моќ животот на едно дете да го направам мизерен или радосен. Можам да бидам алатка за тортура или инструмент за инспирација Можам да понижам или разгалам, да повредам или да разгалам. Во сите ситуации мојата реакција е таа што одлучува дали детето ќе хуманизира или дехуманизира.“ Учениците кажаа дека не сакаат да ги третираат како мозоци што не знаат како да чувствуваат со срца, што не знаат како да мислат.“, вели професорката по хемија Валентина Штерјовска, координатор на проектот Мировно образование на Меѓаши, во чии ракми се организираше денешната активност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден