Гостивар
Градинката „Пролет“ во Гостивар ќе добие енергетски ефикасна фасада
Во тек се работите за поставување на нова фасада на објектот „Пролет“ во склоп на јавните градинки „Детска радост“ во Гостивар. Со овој проект, за чија реализација се издвојуваат 2,2 милиони денари преку дотации, зградата ќе добие енергетски ефикасна фасада.
„Новата фасада ќе ги исполнува стандардите за постигнување енергетска ефикасност, ќе има модерен изглед изменет во специфичен визуелен и естетски стил. Сето ова е направено за децата и наставниците да ја имаат вистинската удобност при престој.“, соопштија од локалната самоуправа.
Според информациите кои ги добивме од управата на градинките, фасадата ќе биде комплетирана во првата половина на декември.
Претходно во објектот „Пролет“ целосно беа реновирани тоалетите, вкупно шест, со зафат вреден 1,1 милион денари. Вработените добија нови униформи и обувки, а до крајот на годината се најавува реконструирање на столаријата во објектот „Цветови“, каде во меѓувреме течат работите за доизградба на нов дел и проширување на капацитетот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар