Гостивар
Градинки Гостивар-Групите проширени, но листата на чекање уште е долга
Голем е бројот на родители коишто изразиле интерес да ги носат децата во градинките во Гостивар, но не можат да добијат место, со оглед на скратениот капацитет поради ковид протоколите. Дури ни откако Владата одобри во градинките да се прошират групите до максимум 25 деца (освен јасли групи), во Гостивар не може да се задоволат потребите.
„Градинките продолжуваат да работат со почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид. Од 1 јуни во градинките згрижени се 261 дете, што не значи дека сме ја решиле состојбата со листата на чекање, на која има над 150 дечиња. Жалам што морам да ја соопштам оваа бројка, но работиме со намален капацитет заради протоколите и приоритетите мора да се запазат, се згрижуваат деца чии двајца родители се вработени со потврди од работодавец и предност најмногу имаат самохрани родители. Доколку се ослободи место, тогаш може да примиме од листа на чекање“, рече директорката на јавната установа „Детска радост“ во Гостивар, Даниела Бошкоска во чиј склоп работат градинките.
Во однос на ковид состојбата, Бошкоска информираше дека денес е пријавен случај на една вработена заболена, која според правилата оди во изолација, заедно со 10 деца кои биле во контакт со неа минатата недела.
Вакцина против коронавирус примиле 73,7% од вработените во детските градинки во Гостивар.
Правилата за работа на градинките во пандемија предвидуваат: задолжително мерење на температура при влез, често дезинфицирање и проветрување на просториите, високо ниво на лична хигиена, групите да не се мешаат, воспитувачките и негувателките задолжително да носат маски, оброците да се јадат во занималните итн.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград