Поврзи се со нас

Вести

Градоначалниците со исти црвени вратоврски како симбол на збратимувањето на Гостивар и Света Недела

Објавено

на

На свечената седница, по повод збратимувањето на општина Гостивар со општина Света Недела од Хрватска, која се одржа денес во салата на гостиварскиот Совет, акцент беше ставен на идната соработка меѓу двете општини. Свечената седница беше организирана во честа на градоначалникот на хрватската општина Дарио Зуровец, кој беше во официјална посета на Гостивар.

„Општина Гостивар има потенцијал да се развива и заедно со гадоначалникот Таравари, ќе работиме на заеднички проекти на полето на економијата, културата, а најмногу на земјоделието, затоа што, на тоа поле Света Недела е најмногу развиена. Ќе се обидеме да искористиме средства од Европската Унија за остварување на проектите во соработка со двете општини.“, изјави Зуровец.

Градоначалникот Таравари, рече двете општини се многу различни, но имаат заеднички точки на соработка.

„Општината Света Недела е многу поразвиена од Гостивар. Ние во месец мај, имавме можност да ја посетиме и бевме изненадени и импресионирани од нивната посветеност. Света Недела е една од најбогатите во Загрепската Жупанија и преставува една од најразвиените општини. Во Гостивар, недостасуваат инвестиции, кои треба да се надоместат. Ќе следува соработка на економски план, во земјоделството, на културно поле, како и во многу други сфери“, рече Таравари.

Претседавачот на Советот, Насир Муслиу, кој ја отвори седницата рече збратимувањето на двете општини, им оди во прилог на двете страни со можност за соработка на многу полиња и размена на искуства.

Симболично збратимувањето на македонската и хрватската општина беше претставено преку исти,  црвени вратоворски кои ги носеа двајцата градоначалници.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена