Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните оштетени за 220 милиони евра заради покривање на енергетската криза

Објавено

на

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните се тема на денешната дебата која се одржува во организација на Цивика мобилитас, а во рамки на проект поддржан од Владата на Швајцарија.

На настанот беше презентирано истражување за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Според податоците од истражувањето заради покривање на дополнитените расходи кои ги наметнала енергетската криза во 2022 година Владата жртвувала проекти од најмалку 170 милиони евра.

Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации информира дека станува збор за проекти како реновирање на здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина.

-Кога кон овој износ ќе се додат и 50 милиони евра капитални проекти кои требало да се реализираат од локалните власти, произлегува дека граѓаните се условно кажано оштетени за 220 милиони евра кои требало да придонесат кон подобрување на нивниот квалитет на живот, изјави таа.

Задолженоста на сите институции, според Факиќ, е зголемена за 30 проценти и изнесува 800 милиони евра.

-Многу е важно да настојуваме товарот на зголемените трошоци да не паѓа толку на граѓаните, туку да влијае и на привилегиите кои за себе си ги обезбедуваат функционерите, истакна Факиќ.

Павле Гацов, од Здружение на даночни советници посочи дека нашата земја не се справува успешно со златното правило на буџетирањето, оцени дека државата повеќе троши, отколку што собира.

-Трендот на затегнатоста на јавните финансии продолжува во 2022 и 2023 година. Македонија е земја која премалку собира пари во однос на тоа колку троши, решение за ваквата ситуација е да се собере повеќе или помалку да се троши. Ако одиме на страната на прибирањето, најлесен начин е вакво зголемување на даночни стапки, даночни основици и наместо да се направи една системска пристапност да се зафати од базенот наречен сива економија, за жал ние сме сведоци дека се оди на полесниот начин. Така продолжува и во 2023 ваквиот тренд иницијално претставувањето дека буџетот за 2020 и 2023 година капиталните расходи и главната поента да бидат во повисок износ од задолжувањето, но така е само со иницијалните буџети, веќе во ребалансните буџети, односно реализацијата на буџетите капиталните расходи паѓаат дефицитно, финансирање се зголемува, така што и ова наводно златно правило на буџетирањето во македонски услови не важи туку златното правило е колку што има приходи гледај толку да имаш и расходи, посочи Гацов.

Истражувањето покажало и дека за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 проценти од капиталните расходи односно 130 милион евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“.

Факиќ потенцира дека тука станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена