Поврзи се со нас

Гостивар

Хасани: Гостивар во хаос од снег, општината нема договор за зимско одржување

Објавено

на

Снегот е нова тема за која локалната опозиција во Гостивар ја чепна општината. Претседателот на гостиварскиот огранок на ДУИ, Башким Хасани на прес конференција посочи дека Гостивар е блокиран од снегот и дека општината воопшто не склучила договор со фирма за зимско одржување на улиците и патиштата.

„Ова може да се случи само во општина Гостивар, среде зима општина Гостивар сè уште нема потпишан договор со ниеден оператор за одржување на патиштата, како што е пракса во секоја друга општина и како што било пракса секогаш, во општина Гостивар. Јавно го прашуваме соработникот на ѓаволот зошто заглави постапката за тендер? Дали бандите интервенираа и не беше постигнат компромис кој ќе го контролира тендерот, и кој ќе го добие процентот? Јасно е дека градоначалникот е фатен од бандите и справувавајки се со коалицијата со ѓаволот, ги заборавил граѓаните, а за свој приоритет јаставел политичката и корумпирана агенда, не остварувајќи ги своите овластувања во задачите што му ги доверија гостиварчани. Граѓаните со право го изразуваат својот револт од занемарувањето од страна на локалната самоуправа. Тие обезбедија докази за хаотичната состојба на теренот, и тоа, со само еден ден снежни врнежи. Замислете снежните врнежи да траат со денови.“, рече Хасани и запраша како без договор општината ќе ги плати неколкуте оператори кои излегле да работата на терен: „ Ако операторите излегле на терен и работат доброволно, тогаш јавно им се заблагодаруваме, но ова не го амнестира градоначалникот од неодговорноста што ја има како градоначалник, бидејќи во претходните години тој плаќаше на оператори, дури и кога немаше снег. Се надеваме дека одговорот на градоначалникот, кој постојано ја игра улогата на жртва, нема да биде дека ДУИ му ги одзеде овластувањата за расчистување на снегот.

По прес конференцијата, новинарите побараа став и одговор од Општина Гостивар, од каде рекоа дека не сакаат да ги коментираат прес конференциите на ДУИ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена