Поврзи се со нас

Вести

Хиперсоничното оружје за кое Москва тврди дека е „непобедливо“

Објавено

на

Руската армија вчера соопшти дека истрелала хиперсонични ракети кон Украина, што е прва позната и официјална употреба на новиот систем за оружје во борбена средина.

Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека оружјето «Кинжал», што на руски значи «кама», уништило „голем подземен склад со проектили и муниција во западна Украина“ во Ивано-Франковската област.

Нападот во Украина на 18.03.2022 со хиперсонична ракета «Кинжал» е прва позната и официјална употреба на новиот систем за оружје во борбена средина.

Станува збор за неверојатно брз ракетен систем кој според некои руски и западни експерти во моментов не може да биде пресретнат од ниту еден противракетен одбранбен систем.

Ова оружје е едно од шесте нови руски стратешки оружја претставени од рускиот претседател Владимир Путин на 1 март 2018 година.

Хиперсоничните ракети се дизајнирани за напад на воените бродови на САД и НАТО кои се закана за руските стратешки ракетни системи и за нуклеарен удар, бидејќи ракетите се дизајнирани да носат конвенционална или нуклеарни боеви глави. Нивната цел е да ги надмине сите воздушни и антинуклеарни одбранбени системи и заврши во метата.

Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша овие хиперсонични оружја како „непобедливи“, но на јавноста сè уште не е прецизно објаснето што тие всушност претставуваат, пишува Euronews.

Москва тврди дека овие рекети летаат исклучително брзо, 12.000 километри на час, со можност за лесно маневрирање, што го отежнува следењето. Хиперсоничната ракета има поголем капацитет на пенетрација и разорна моќ токму поради големата брзина и тоа е нејзината предност.

Воените сили на Руската Федерација во 2018 најавија три модели на хиперсонични ракетни системи:

Хиперсонична ракета «Кинжал»

Во својот говор во 2018 година, Путин рече дека руските воздухопловни сили воведоа хиперсонична ракета «Кинжал» во оперативна употреба. Според Путин, оваа ракета може да носи конвенционална или нуклеарна боева глава.

Авион МиГ-31К – носач (табла бр. 93) со проектил 9-С-7760 «Кинжал»

Се лансира од авиони кои можат да достигнат брзина од 2,8 маха на голема височина (платформа МиГ-31).

Веднаш по лансирањето, оваа ракета достигнува хиперсонична брзина од неверојатни 10 маха. Самата ракета го контролира летот и маневрирањето во текот на сите фази на летот од нејзиното лансирање. Дострелот на оваа ракета е 2.000 километри. 

Хиперсонични едрилици «Авангард»

Руските хиперсонични едрилици, ракетите „Авангард“, се способни да го менуваат курсот и висината со многу големи брзини, па според Путин се „практично непобедливи“. Рускиот претседател дури го поистоветува ова оружје со создавањето на првиот вештачки сателит на Земјата, познатиот Спутник.

Рускиот претседател Владимир Путин ги опиша овие хиперсонични оружја како „непобедливи“ – «Авангард»

Авангард беше успешно тестиран во декември 2018 година, неговата брзина беше 27 пати поголема од брзината на звукот, а погоди цел оддалечена 6.000 километри. И овие едрилици се способни да носат нуклеарно оружје.

Хиперсонична ракета «Циркон»

Хиперсонични ракети наречени Циркон се лансираат од брод или подморница. Официјално пробно тестирање започна во октомври 2020 година. На крајот на декември 2021 година, за прв пат беше успешно лансирана. Дострелот на оваа ракета е 400 километри. 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена