Поврзи се со нас

Гостивар

И Гостивар „На прав пат“ – Караванот на СДСМ денеска беше во Гостивар

Објавено

на

Караванот на СДСМ, граѓанските трибини кои се одвиваат под мотото „На прав пат“ денеска беше во Гостивар.

На трибината свое обраќање имаа: Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров и Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче.

Фактите ги потврдуваат успесите на СДСМ, рече потпретседалот на партијата Коста Петров.

„Факт е и дека за само две и пол години, се изградија и реновираа над 500 километри патишта. Факт е и дека го стабилизиравме пензискиот фонд, пензиите растат од 700 до 900 денари, а беше оставен со огромна дупка. Факт е и дека минималната плата од 9.000 денари порасна за 5,500 денари односно денес имаме 14.500 , а просечна плата повисока за околу 2.300 денари, порача Петров. Факт е дека стануваме 30 земја членка на НАТО, што е најголемото достигнување досега на земјата, да бидеме еднакви, рамноправни со најмоќните земји во светот“, порача Петров потпретседател на СДСМ.

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, потенцира дека повеќе нема проблем со лековите и здравството оди во нагорна линија.

„Во Гостиварската болница, имаше 420, во моментов имаме 500 вработени, кои се на располагање на граѓаните, нема повеќе редици во аптеките, нема веќе квоти, ги има сите лекови. За првпат во Гостивар инсталиравме и апарат за магнетна резонанца. Го зголемивме и квотите за дежурство, се инвестира во медицинскиот персонал и подобрување на опремата, рече Филипче.

Последен се обрати премиерот Заев, споредувајќи го Гостивар со СДСМ како пример на соживот.

„Денеска сме тука во Гостивар, во градот на соживотот, на соработката, со гордост можам да кажам дека и кај нас во СДСМ не гледате, не има и Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи. Но тоа не е случај со нашиот политички опонент. Ние како социјалдемократи го воспоставивме принципот на едно општество за сите и тоа го градиме, еднаквоста и рамноправноста, ние сме мултиетничка држава, нема да дозволиме лицемери да го скараат народот. Успеавме да оствариме стратешка, национална, државна и децениска цел, членство во НАТО, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат” во Гостивар.

Тој ги критикуваше политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ дека зборуваат за чисти држави, се служат со лаги и лицемерие.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 8 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 9 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 11 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 12 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 13 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 14 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 15 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 16 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена