Гостивар
Стојаноска: Каква дрскост на Заев, да се појави во Гостивар
Огранокот на ВМРО ДПМНЕ од Гостивар, денеска одржа прес, на кој Дафина Стојаноска по повод денешната посета на раководството на СДСМ и Владата во Гостивар, говореше за ветувањата на Заев и за моменталната состојбата во Гостивар и државата.
„Денес во Гостивар се дрзнува да доаѓа Зоран Заев со неговата тендерска придружба. Заев кој лажеше пред три години, лаже и сега.
Зоран Заев се фали со покачувањето на пензиите, а не кажува дека тоа е само враќање на дел од парите кои им ги зема овие три години. над 1200 денари се украдени од пензионерите од страна на оваа власт. Износот кој пред две години им го скрати, сега им го прикажува како зголемување на пензиите. Нема влада на СДСМ што, со стапнување на власт, прво не удрила по нив. Лажното покачување ги опфати и образовните работници. Наместо 26 илјади денари, колку што ќе земаат сега, просветните работници, ги следува 36 денари плата кои им се загарантирани со колективен договор, а Заев не им ги дава.Зоран Заев ги излажа и здравствените работници. Никаде ги нема ниту стоте илјади денари плата за докторите. Тоа денес тендерашот Филипче треба да им го одговори на Гостиварчани.
Каде е чистиот воздух? Летово Гостивар два дена беше во чад и пламен од запалената депонија Русино, а владата на Зоран Заев не мрдна со мал прст. Каде е ветената современа регионална депонија за Гостивар од планот за живот ?
Според истиот тој план, досега веќе требаше да биде реконструиран автопатот
Гостивар-Тетово. Каде е ?
Во Гостивар, како и низ цела Македонија, се случува хајка врз неистомислениците на Заев во јавната администрација и полицијата. Гостивар шупоти. Тоа ли ви е слободата што ја ветувавте? За едни мајка, за други маќеа. Со кредити кои ќе ги исплаќаме цел живот, наместо да градите и инвестирате, вие вршите тотална партизација на администрацијата.
Секој Гостиварец денес нека го праша Заев каде се младите од неговото маало? Тие ниту пијат, ниту спијат. Стотици млади, неверувајќи им на лагите на Заев за Македонија во Европа, ги напуштија родните домови, за да живеат по вистински европски стандарди.
Разочарување, тешко разочарување! Ги излажавте ! Ги навредивте!
Каде е Европа? Објаснете им на сите во Гостивар: македонци, албанци, турци, роми, срби, црногорци, власи и останати. Знаеме, лани добивме датум за прослави. Лаги, лаги, лаги…ги пониживте македонците, а ги излажавте сите. Ветивте живот и реформи, а ни дадовте само корупција, криминал и рекет. Тоа ли ви е правда – подеднакво за сите? Катица и Боки се вашите синоними за правда!
Доста е веќе! На секое ваше ЌЕ, Република Македонија на 12-ти Април 2020г. Ќе ви одговори со едно големо НЕ!
Заев ќе загуби и ќе си оди! Народот ќе ја избере обновата на Македонија“, рече Стојаноска.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди