Гостивар
И медицинари во Гостивар се приклучија кон протестниот молк #ДостаЕ!
Повеќе матични лекари од земјава денеска од 14 до 14.30 часот, излегоа пред ординациите, каде што со получасовен молк изразија протест поради, како што велат, игнорантскиот однос кон нив од самиот почеток на епидемијата со ковид-19.
И медицинари во Гостивар се приклучија кон протестниот молк, изразувајќи го незадоволството под паролата #ДостаЕ #MjaftMë! и обајвувајќи ги фотографиите на фан страната на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.
Матичните лекари бараат итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и слично, право да упатуваат пациенти на тестирање по нивна процена како лекари, а не алгоритам, да имаат член претставник од матичните лекари во комисија за заразни болести, стопирање на било какви “реформи” најавени за од 01.07, што го сметаат за невиден преседан во сред пандемија и помош во вид на итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди