Поврзи се со нас

Вести

Ибраимовски во Гостивар презентираше мерки за подобрување на животот на ромското население

Објавено

на

 

Министерот без ресор Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Македонија, во Гостивар ги презентираше мерките и активностите од владината програма во насока на подобрување на животот на ромското население. Пред присутните беа образложени правата во делот на социјалната заштита, образованието, домувањето и други области. Според Ибраимовски, ромското население за брзо време ќе започне да ги чувствува промените кон подобро како резултат на спроведувањето на планираното во владината програма.

Акцентот и приоритетот на мојот кабинет ќе биде ставен во делот на домувањето, образованието и вработувањето преку нудење на нови програми за самовработување од Агенцијата за вработување. Тоа се нашите приоритети што ги определивме до крајот на 2017 и за следната 2018 година“, изјави министерот.

Во делот на социјалната заштита беше споменето планираното зголемување на социјалната парична помош која за четиричлено семејство без приходи ќе изнесува 12 илјади денари месечно. Ибраимовски објасни дека покачувањето ќе се одвива во две фази, а ќе започне после годишната обнова на документите на корисниците, односно од наредната година. „Важно е да се каже дека социјалната помош нема да им се крати на семејствата кои остваруваат некакви ниски приходи, па да мора да ги кријат како до сега што се правело, напротив ќе им се помага. Така на пример, на семејство кое има приход од 8.000 денари месечно државата ќе му додава уште 4.000 за да ја достигне сумата од 12 илјади денари“, објасни министерот.

Презентацијата на мерките за подобрување на состојбата на Ромите, во Гостивар беше првата од низата вакви настани најавени за следниот период. Караванот на Ибраимовски месецов продолжува во Кочани, Прилеп и други градови низ Македонија.

 

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена