Вести
Повредено лице при пукање на свадба во Гостивар
Триесет и едногодишен жител на гостиварското село Тумчевиште попладнево бил повреден од огнено оружје во пределот на вилицата. Првичните информации зборуваат дека лицето било примено во гостиварската болница околу 15 часот со влезна рана од огнено оружје во вилицата, каде најверојатно му останал куршумот.
Повредениот присуствувал на свадбена веселба на ул „Мара Угринова“ во Гостивар. Како и под кои околности настанала повредата, дали се работи за заталкан куршум, невнимание или нешто трето, допрва ќе се утврдува. Како што соопштува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски местото на настанот е обезбедено и по овластување на јавен обвинител, увид ќе врши екипа од гостиварската Полициска станица по што ќе се знаат повеќе детали.
Повреденото лице заради сериозноста на состојбата, ќе биде префрлено на клиниките во Скопје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград