Поврзи се со нас

Гостивар

Има ли деца заразени со голема кашлица во Гостивар? Се јавуваат сомнителни случаи со кашлање подолго од 2 недели

Објавено

на

Родители на деца со продолжено кашлање, кое трае подолго од две недели се обраќале за лекарска помош на педијатриското одделение во општата болница во Гостивар. Лекарите периодов регистрирале десетина такви примери, за кои постои сомнеж дека се работи за голема кашлица (магарешка кашлица-пертусис). Сепак потврден официјален случај во Гостивар до сега нема.

„Дијагниостицирани случаи на голема кашлица немаме. Тоа се потврдува само со испитување во Скопје на Детска и на Инфективна клиника. Но, сме имале над 10 пациенти сомнителни на голема кашлица, која траела подолго време. Сме предложиле кај нив да се направи консултација и испитување во Скопје, но не ни се вратени со резултати. Значи, не можеме да потврдиме дали со сигурност се работело за голема кашлица“, вели д-р Висар Муча, раководител на педијатрија во гостиварската болница.

Во Македонија се регистрирани неколку слаучи на заразени деца со голема кашлица. Медицинските лица посочуваат дека појавата на заразни болести, за кои има вакцина, лежи во намалувањето на бројот на вакцинирани деца, односно скетпизицмот на  родителите за имунизацијата.

„Во светот на прво место како превенција од заразни болести е вакцинирањето. За жал опаѓа довербата кај родителите и многу од нив не ги вакцинираат децата. Апелираме да ги носат да примаат вакцини, тоа не е штетно, нема научни докази дека било каква вакцина штети. Освен вакцинација како заштита се препорачува децата со симптоми да се изолираат, да се даваат антивирални лекови, никако антибиотици на своја рака и без лабараториски анализи да се докаже дали е вирус или бакетрија, и секако лекови против  температура и болки“, појаснува д-р Муча.

Во редовниот календар за имунизација предвидена е комбинирана вакцина ДиТеПер, која штити од дифтерија, тетанус и пертусис (голема кашлица). Опфатот со вакцината во Македонија е под препорачаниот од 95%, неопходен за колективен имунитет.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 7 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 18 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 18 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена