Спорт
Имало пандемија или не – Партизан-Црвена Ѕвезда вечерва пред 25.000 гледачи
Додека светот срамежливо се обидува да прогласи контрола над пандемијата, дозволувајќи да започнат неколку фудбалски првенства кои беа прекинати, под крајно ригорозни мерки и без публика, во Белград е малку поразлично.
Повеќе од три месеци спортот е во прекин и сликите со полни спортски борилишта почнуваат да избледуваат. Сите европски фудбалски првенства кои продолжија после прекинот поради пандемијата се играат без публика, за што имаше реакции и од самите актери на теренот дека, не е тоа тоа. Дури на столчињата во Германија се лепеа фотографии од луѓе за да се долови посакуваната атмосфера, сепак фудбалот се игра за публиката на трибините. Први кои ќе се обидат да ја вратат вистинската атмосфера на стадионите пркосејќи на се она што се случува во светот, се вечните ривали од Белград, Партизан и Црвена Ѕвезда.
Вечерва пред потполно отворени трибини, на легендарниот стадион „ЈНА“, од 20 часот, во вториот полуфинален натпревар од националниот куп, ќе се сретнат овие две екипи. Во продажба се пуштени 25.000 влезници, капацитетот на стадионот е намален, но не поради коронавирусот туку поради други, добро познати причини кога се овие две екипи во прашање.
Србија во моментов има околу 12.000 потврдени случаи на Ковид-19, државата пред 10 дена ги укина сите вонредни мерки и животот полека се враќа во нормала. Неофицијално, корона вирусот започна со фудбал, дали и ќе заврши со фудбал?
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград