Поврзи се со нас

Вести

Имате прашање за Државната изборна комисија? Денес добивате можност да им бидете гостин

Објавено

на

По повод Глобалниот ден на изборите, кој секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари, денес Државната изборна комисија организира Отворен едукативен ден за граѓаните. Ова е прв пат од своето постоење ДИК да ги отвори своите врати за граѓаните за ваков вид на настан.

„На овој ден сите заинтересирани граѓани се добредојдени во просториите на Државната изборна комисија, каде ќе можат да проследат едукативна презентација преку која ќе се информираат околу остварувањето на своето избирачко право со особен фокус на водењето на Избирачкиот список. Воедно граѓаните ќе можат да постават и прашања до вработените во Стручната служба“, информираат од ДИК.

Посетите може да се остварат во три термини во текот на денот: 11:00, 13:00 и 15:00 часот. Доколку не ви се патува до Скопје, а сакате да се информирате околу остварувањето на своето избирачко право, тоа може да го сторите во подрачното одделение во Гостивар до општинската зграда.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена