Вести
Детското катче во гостиварскиот парк пропаѓа
Преполовени лулашки, искршени лизгалки, расфрлани делови од други реквизити, уништена заштитна ограда. Сликата која ги затекнува гостиварци кај детското катче во градскиот парк, воопшто не е пријатна. Игралиштето, кое важи за омилено свратилиште на родителите со помали деца во топлиот период од годината, пропаѓа. Од убав, уреден и безбеден простор за забава на дечињата, катчето полека се претвора во запуштено место.
Меѓу реквизитите поставени за забава и рекреација, има се помалку такви кои може да се користат. Доколку не се преземат мерки за санација и обнова и не престане вандализамот, од ова детско катче наскоро нема да остане ништо.
Несовесни граѓани често уништуваат урбана опрема по парковите и на други јавни површини низ Гостивар. Од вандали страдаат клупи, канделабри, корпи за отпад, јавни чешми и слично.
Детското игралиште во паркот кое е пред распаѓање, Гостивар го доби како донација од Турција во вредност од скоро 40 илјади евра во 2014 година. Претходно на истата локација имаше помало катче за деца, кое исто така заврши уништено.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ