Гостивар
Инфективно во Гостивар се полни со пациенти болни од Ковид, ќе се додаваат кревети

Минатата недела во регионот на Гостивар беше забележан најголемиот раст на заболени со ковид, вкупно 30. Со тоа се зголеми и бројката на хоспитализирани пациенти. На инфективното одделение во гостиварската болница моментално се згрижени 14 заболени и останати се уште 4 слободни кревети за возрасни и два за деца. Капацитетот ќе се зголемува со додавање на дополнителни кревети, за да може да се одговори на потребите, доколку ваквиот тренд продолжи.
„На инфективното одделение веќе имаме мал број на слободни места, одделението располага со вкупно 18 кревети за возрасни пациенти и два за деца. Затоа, денес на состанок со раководителите на одделенијата кои се најмногу тангирани со ковид 19, тоа се инфективно, интерно и ургентна единица се разговараше на оваа тема и се разгледаа условите да се зголемат капацитетите на инфективно со додавање на дополнителен број кревети во собите. Можеби ќе биде малку потесно, но сепак ова е пологично решение. Пациентите кои се со посериозна клиничка слика, односно имаат потреба од кислородна терапија се препраќаат на клиниките во Скопје, каде и таму веќе е преплавено со пациенти.“, рече д-р Јакуп Јакупи, директор на општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Болничката управа работи и на реорганизација на медицинскиот персонал за да го засили кадарот на инфективно. Во помош на инфектолозите ќе се вклучат специјалисти по интерна медицина, а се зголемува и бројот на дежурни сестри во смена.
„Снабдени сме со терапија за пациентите, заштитни материјали, но има недостаток на кадар, поточно на специјалисти инфектолози. Затоа, се договоривме доколку има потреба на помош на инфектолозите да се вклучат интернисти. Инфектолозите се навистина преморени, дежураат по 24 часа, на секои два дена. Ќе го зголемиме и бројот на средниот кадар, од две на три медицински сестри дежурни на смена. Се надевам со тоа дека ќе ги покриеме потребите.“, изјави Јакупи.
Пациентите кои се хоспиталиизрани на инфективното одделение имаат клиничка слика со средно ниво на тешкотии, како болки во зглобови, проблеми со дишење, висока температура.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022