Гостивар
Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

По девет месеци во првата борбена линија за пациентите заболени од ковид, шефот на инфективното одделение во Гостивар, д-р Ратко Наумоски на своја кожа ја почувствува болеста. Со него денес поразговаравме во кругот на гостиварската болница, кај инфективно, каде повторно е на работното место и ја исполнува лекарската мисија да се грижи за здравјето на пациентите.
Со нас сподели дека поминал со средно-тешка клиничка слика, а лекувањето и закрепнувањето било во домашни услови. Короната многу ја погодува психата, нагласи инфектологот додавајќи дека поддршката и помошта од блиските и околината, се од суштинско значење за секој заболен.
„Јас се тестирав на 21 ноември и резултатот беше позитивен. Поминав со средно-тешка клиничка слика, во домашни услови, со симптоми на малаксаност, болки по целото тело, намален апетит, примав терапија, онаа што стандардно ја даваме на инфективното одделние. После три недели здравствената состојба ми се подобри. Потоа уште малку, заради подобро закрепнување зедов слободни денови и веќе може да кажам дека се чувствувам многу подобро. Сакам да се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка, на новинарите од локалните медиуми од Гостивар, на колегите, роднините, пријателите, тоа навистина многу значи, најважна е поддршката. Тешко е, но кога ќе видиш дека имаш луѓе кои се грижат за тебе, ти посакуваат добро, тоа ти дава сила.“, рече д-р Наумоски.
Инфектологот кажува дека личното искуство со ковид 19, за него било и еден вид на лекција – дека е неопходно на пациентите максимално да им се пружи грижа, не само со терапијата и во лекувањето, туку и помош околу јадење, разговор и слично.
„Ние вложуваме и се трудиме многу за доброто на пациентите, но сега од оваа гледна точка би рекол дека секогаш може повеќе. Навистина оваа болест не е лесна. Има случаи со лесна клиничка слика, што доѓааат кај нас, прават крвни анализи, рентген на бели дробови и се добри, јас посакувам сите пациенти да се така, но има и потешки случаи. Ним им е потребно поголемо внимание, затоа што има луѓе кои не можат сами, едноставно малаксаноста не ти дава ни да јадеш, ни да пиеш, ако нема кој да ти помогне, многу е тешко. Затоа и апелирам до сестрите и до докторите, колку можеме да го дадеме максиумот од себе. Ние го даваме, но еве сега после прележан ковид велам треба и може уште повеќе“, вели д-р Наумоски.
По искрениот разговор, како што е редот си посакавме здравје и поубави моменти во новата година. Докторот потоа се врати на 24 часовното дежурство во инфективното одделение на болницата во Гостивар, во служба на пациентите да им помогне во нивната борба против коронавирусот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче