Гостивар
Се слави Божиќ – празник на Христовото раѓање, најрадосниот ден во христијанството
Православниот свет денес го одбележува големиот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање. Верниците се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“ , „Навистина се роди“. Празникот е полн со симболика, а во неговата суштина се втемелени љубовта, простувањето и милосрдието.
Според Новиот завет во библијата, Исус се родил во Витлеем, каде неговите родители Марија и Јосиф, дошле од Назарет за попис на населението што било задолжително во тоа време во Римското царство заради плаќање на даноци. Марија и Јосиф кон Витлеем оделе со мало сиво магаре. По долгиот тежок пат, преспивајќи по карпести предели, пристигнале во градот кој бил преполн па не можеле да најдат место за спиење. Еден гостилничар, се сожалил на трудната жена и им ја дал за ноќевање шталата со добиток. Во тој простор во овчарската пештера, Богородица го родила Исус Христос и го положила во јаслите.
Традициите налагаат Божиќ да се празнува во кругот на семејството, во топла и светла атмосфера, каква што Марија и Јосиф создале во пештерата кадешто бил роден Исус.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар