Поврзи се со нас

Македонија

Информирајте се за платежната сметка со основни функции

Објавено

на

Народната банка објави посебна информативна брошура за граѓаните заради нивно информирање за можностите за отворање и користење на платежната сметка со основни функции. Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, што стапи на сила на 1 јануари 2023 година, покрај тоа што содржи одредби коишто ќе ја поттикнат конкурентноста кај давателите на платежни услуги, предвидува и повеќе решенија за подобра заштита на потрошувачите. Меѓу нив е и воведувањето на платежната сметка со основни функции, преку која граѓаните ќе можат да извршуваат платежни трансакции за намирување на вообичаените обврски или пренос на парични средства на друго лице.

Платежната сметка со основни функции овозможува неограничен број уплати и повлекување готовина и неограничен број платежни трансакции во денари, но не е дозволено пречекорување, односно навлегување во таканареченото „минусно салдо“.

За користењето на оваа платежна сметка се плаќа надоместок, но висината на вкупниот месечен надоместок не смее да биде повисока од 0,1отсто од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во моментот овој надоместок изнесува околу 31 денар во согласност со последните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика за исплатена нето-плата во земјата. Платежната сметка со основни функции ќе биде без надоместок за група корисници на законски права (законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давателот на издршката; надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување; парична помош од социјална заштита; привремена невработеност; додаток на деца, стипендија, кредит и помош на ученици и студенти).

Граѓаните може да бараат трансформирање на „обичната“ платежна сметка во платежна сметка со основни функции кај својата банка или штедилница. Исто така, банките и штедилниците се должни бесплатно да ги информираат граѓаните за платежните услуги и надоместоците коишто ги наплатуваат за користењето на платежната сметка со основни функции, за што се должни да им дадат информативен документ пред склучување рамковен договор за отворање на платежната сметка со основни функции.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 50 минути

Велики петок неработен за православните, Први мај и втор ден Велигден неработни за сите граѓани

Гостиварпред 2 часа

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 4 часа

Во Гостивар попладнево настан во чест на Денот на македонскиот јазик

Македонијапред 5 часа

Пролетен распуст од понеделник, по него ден со скратени часови, па неработна среда

Здравје и убавинапред 5 часа

Нискокалорична, а многу хранлива-7 топ бенефити од јадење краставица

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Рокот за поднесување приговори до ДИК истекува денес во 19 часот

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 17 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена