Гостивар
Иселување-Околу 200 деца од подрачје на Гостивар се отпишале од училиште по првото полугодие

Трендот на иселување на младите од гостиварскиот регион се потврдува и низ бројките на отпишани ученици. Според податоците од општинскиот Сектор за образование, второто полугодие во училиштата на територијата на Гостивар почна со околу 200 деца помалку во школските клупи.
„Во второто полугодие бројката на ученици во училиштата е намалена за околу 200, а причината за отпишувањето е заминување во странство“, наведуваат од Секторот.
По тринеделниот зимски распуст учениците денес се вратија на настава. Второто полугодие на гостиварското подрачје почна во сите училишта и според надлежните се одвива со вообичаен тек, без проблеми.
„Сите училишта го почнаа второто полугодие подготвено, снабдени се со доволно греење, извршено е чистење и дезинфицирање на просториите. На првиот ден не се регистрирани многу отсуства поради вирусот на грип“, информира раководителката на Секторот за образование, Аслијан Снопче.
Во основните и средни училишта во Гостивар настава посетуваат речиси 10.000 ученици.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос