Поврзи се со нас

Гостивар

Истражување со 100 млади земјоделци од Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше за Мерка 112

Објавено

на

Здружението на жени фармери “Моја фарма” Гостивар успешно го реализираше истражувањето за мерка 112, со цел да се анализира и процени информираноста и учеството на младите земјоделци во Програмата за рурален развој. Спроведеното истражување ги прикажа реалните потреби и предизвици пред оваа целна група, а резултатите беа презентирани вчера во гостиварско Тумчевиште.

Во истражувањето беа вклучени 100 млади земјоделци од Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше. Според податоците добиени од анкетата, 66% од испитаниците биле мажи, 34% жени, на прашањето дали се занимаваат со земјоделство, 85% од испитаниците потврдиле дека се активно вклучени во земјоделската дејност. Поради различните причини, 15% не се занимавале со земјоделство, иако живееле во рурални средини.

Интересен аспект е дека 56% од испитаниците не поседувале имот (земјиште) во своја сопственост, што може биде предизвик за почеток на земјоделска дејност. Сепак, 23% поседувале нова механизација, а 77% од учесниците имале средно образование, што укажува на добар степен на образование во руралните средини.

„Од сите анкетирани, иако биле информирани, само 15% аплицирале за мерка 112. Причините за овој низок интерес за аплицирање во полошкиот регион се должи пред се на следните причини кои беа посочени од страна на анкетираните млади земјоделци: не го исполнувам условот да не си повеќе од 18 месеци регистриран во ЕРЗС во МЗШВ, во немање на доволно имот во своја сопственост (или имот под закуп), имам искористено финансиски средство од мерка 113, не исполнувам услов за старосна граница, не се пронајдов во одобрените инвестиции, не сум информиран за постоењето на оваа мерка, се уште немам регистрирано ЗС, поради немање на финансиски средства, не ги исполнувам критериумите и бодовите, не сум носител на земјоделско стопанство, поддршката треба да се зголеми бидејќи е многу мала за отпочнување со земјоделска дејност, не сум заинтереситан да аплицирам“, известуваат од „Моја фарма“

Детални резултати од испитувањето:

Аспекти Проценти/Податоци
Пол Жени (34%), Мажи (66%)
Локации Гостивар (74%), Врапчиште (12%), Маврово-Ростуше (14%)
Занимавање со Земјоделство Занимаваат (85%), Не занимаваат (15%)
Поседување на Имот Поседуваат (44%), Не поседуваат (56%)
Поседување на Механизација Стара (77%), Нова (23%)
Степен на Образование Високо (18%), Средно (77%), Основно (5%)
Вработени Да (68%), Не (32%)
Користење на Субвенции Аплицираат (47%), Не аплицираат (53%)
Информираност за Мерка 112 Информирани (87%), Неинформирани (13%)
Аплицирале за Мерка 112 Аплицирале (15%), Неаплицирале (85%)
Причини за Неаплицирање Не исполнување на условот за регистрација во ЕРЗС, недоволно имот, искористени финансии и др.

Презентацијата на резултатите, одржана на 8.12.2023 во Тумчевиште, беше успешна, а изработените брошури и промотивното видео ќе служат како дополнителни алатки за подигнување на свесноста во локалната заедница за мерката 112.

Спроведеното истражување ќе им овозможи на Здружението на жени фармери “Моја фарма” Гостивар да ги адаптира своите активности и да понуди дополнителна поддршка на младите земјоделци во овој дел на земјата.

(комерцијална објава)

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 2 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 3 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 5 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 6 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 7 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 8 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 22 часа

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 23 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена