Македонија
Измените на Законот за патни исправи не поминаа во Собранието

Пратениците вчера не прифатија на дневен ред на седницата да бидат ставени измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, со кои ВМРО-ДПМНЕ предлагаше пролонгирање на рокот на важноста на старите пасоши со „Република Македонија“ до крајот на годината.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека изменувањето на Законот било неопходно поради тоа што било извесно прекршувањето на уставното загарантирано право на граѓанинот на слободно движење, односно слобода на движење утврдено во членот 27 став 2 од Уставот на Република Македонија “.
Предлогот за измени на Законот за патните исправи, кој вчера требаше да се најде на дневен ред на собраниската седница, предвидува важноста на старите пасоши да биде продолжена до крајот на годинава, т.е. до 31 декември, за да се остави простор за техничко спроведување на замената на пасошите. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот.
ВМРО-ДПМНЕ минатата недела повика на поддршка од владеjачкото мнозинство за продолжување на важноста на патните исправи. Според нив, потребни се 15 пратеници од власта, кои заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го изгласаат законот за продолжување на важноста на пасошите.
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата недела пак, изјави дека залудно ќе биде менување на закон со којшто ќе се продолжи рокот на траење на пасошите со Република Македонија, затоа што тоа треба да биде усогласено со Грција и со ЕУ. Тој посочи дека Владата треба да обезбеди согласност од земјите-членки на ЕУ од другата потписничка страна – Грција, па потоа да разговара за менување на закон.
Македонија досега доби официјално известување само од Швајцарија дека е дозволено движење со важечки пасош со старото уставно име. Македонските државјани засега немаат проблеми за влез во Хрватска, а хрватската амбасадорка Нивес Тигањ на средба со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во понеделникот изјави дека Хрватска има разбирање за проблемот и дека македонските државјани имаат непречено движење на хрватската територија и со старите обрасци на патни исправи доколку истите имаат рок на важност. Од БиХ е испратен официјален допис дека дека не го признаваат пасошот без новото име.
Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев информираше дека разговарал со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Нешиќ, при што договориле македонските граѓани да може да патуваат таму со лична карта, со старото уставно име.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?