Поврзи се со нас

Гостивар

Изолацијата не е страшна, не кријте контакти – апел од епидемиолозите

Објавено

на

Изолацијата на позитивните и лицата што биле во контак со нив е од огромно значење во спречувањето на ширење на коронавирусот, нагласуваат епидемиолозите. Од самиот почеток на пандемијата, тимовите што ги вршат епидемиолошките анекти се соочуваат со криење на контакти.

Граѓаните кои добиваат позитивни резултати на корона честопати не даваат точни информации со кого имале директен контакт. Криењето обично се прави за да се избегне задолжителната изолација. Понекогаш дури се случува да не се кажуваат ниту членовите на семејството со кои заболениот живее во ист дом.

Доктор Благородна Мишковска-Војновска, епидемиолог во подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гостивар апелира сите контакти да се пријавуваат со што значително се намалува ризикот да се заразат и други луѓе.

„Кога ги правиме епидемиолошките анкети, многу е важно заболениот да ни даде точни информации, апелирам да не се кријат контакти. Луѓето треба да сфатат дека изолацијата не е ништо страшно и дека на тој начин може да спречат да заразуваат други луѓе, за кои можеби вирусот ќе биде многу сериозна закана за здравјето.“, вели епидемиологот.

Во однос на давање точни податоци во епидемиолошката анкета, се‘ е оставено на совеста на граѓаните. Лекарите немаат механизми да ги проверат информациите што ги добиваат од позитивните кога ги анкетираат.

За директен се смета контект без заштитна маска. Изолацијата за лица кои биле во директен контакт со заболен трае 14 дена од денот кога последен пат биле заедно, а не носеле маски.

Времетраењето на изолацијата за заразените е во зависност од нивните симптоми. Оние кои имаат температура, болки, малаксаност и други потешкотии добиваат решение за 20 дневна изолација. Асимптоматските случаи се изолираат 10 дена.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена