Поврзи се со нас

Вести

Ако ве боли грло и желудник, ако имате холестерол – изберете јачмен како лек

Објавено

на

Иако јачменот е еден од најстарите житни култури, неправедно се дефинира како сиромашна храна, поради тоа што, како еден вид на лебна житна култура има полош квалитет од пченицата. Оние луѓе, коишто биле принудени да се хранат со јачмен се сметале за сиромашни.

Причината за лошиот квалитет на јачменот, лежи во фактот дека јачменот е зрнеста житна култура, која потполно сраснала со плева (лушпи од житото). Меѓутоа, со посебна постапка во млиновите, плевата се лушти по што се добива чисто зрно јачмен. Понатамошното негово обработување е слично како кај оризот.

Современата наука, ги побива предрасудите за тоа дека јачменот е сиромашна житна култура. Јачменот е една од најуниверзалните житни култури, со широк спектар на употреба во исхраната на луѓето. Како житна култура, тој е одгледуван, уште во камено време и тоа пет, до шест илјади години пред новата ера. Првобитните траги на оваа житна култура се пронајдени во подрачјата на Еуфрат и Тигар, во долината на реката Нил и во пресушените швајцарски езера.

Старите Грци, го сметале за дар од Божицата Деметра, „мајка на житото“, па на Божицата и посветувале жртвени колачи од брашно од јачмен. Интересно е тоа што, германските народи го употребувале симболично и тоа како најмала мерка за тежина (тег) и за должина (зрното на јачменот е долгнавесто).

Јачменот е житна култура, која по својот биохемиски состав, а посебно по своите лековити својства, има полно право да живее во „мирољубива коегзистенција“ со останатите житни култури. Холандските истражувачи, откриле дека јачменот содржи до 35 % незаситени масни киселини, кои го намалуваат холестеролот во крвта, што не е случај со другите житни култури.

Хранливите вредности на јачменот се слични како оние на преостанатите житни култури: 11% белковини, 1,8% масти и вкупно 73,4 % јаглени хидрати (во цело зрно). Во излупеното зрно, овие вредности се менуваат – процентите на белковините и мастите се намалуваат, а се покачува процентот на јаглени хидрати.

Јачменот е богат и со минерали: калиум, фосфор и магнезиум. Потоа: калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт и јод. Витаминскиот состав на јачменот е сличен на оној на другите житни култури. Ги содржи сите витамини, особено витаминот Б.

Јачменот поседува голем број на лековити својства, кои произлегуваат од неговите главни состојки, како што е скробот, азотните материи, билните масти, кои обилуваат со незаситни масни киселини, шеќер, ензими и друго. Течноста, која настанува со варење на излупени зрна јачмен, преставува витаминска храна за лечење на заболено грло и проблеми со желудникот. Јачменот, надворешна примена има како топла облога за созревање на чирови и ублажување на оток, која се става на местото кое што треба да се лечи. 

Супата од каша од јачмен, во комбинација со зелени зачини, преставува вкусно диетално јадење за луѓе кои имаат вишок килограми. Кога јачменот ќе се испржи, ќе се сомеле во машина за мелење на кафе и ќе му се додаде цикорија (корен од растение, кое се додава во кафе), од него се добива вкусна замена за кафе. Кафето од јачмен, помешано со млеко (бело кафе), е вкусен и хранлив пијалак за деца и постари луѓе. Тоа воопшто не содржи кофеин.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена