Здравје и убавина
Јадете карфиол за добра линија, имунитет и регулирање на крвен притисок
Во време кога правењето зимници е најактуелно ве потсетуваме на лековитата моќ на еден популарен зеленчук, кој најмногу се користи токму во зимниците, односно како туршија – карфиолот. Овој зеленчук е добиен со вкрстување на сорти, а потекнува од групата на зелки. Некаде е познат како „културна зелка“. Постои бел и виолетов карфиол, но по карактеристиките тие не се разликуваат многу.
Карфиолот содржи бета каротен, витамини А и Ц, фолна киселина, растителни влакна, железо. Има голема антиоксидансната моќ и дејствува како чистач на организмот од штетните материи. Се препорачува за детоксикација, која е резултат на нездрава и лоша исхрана, како и загадувањето на средината и зрачењето на организмот. Поволно влијае на лечење на: алергии, проблеми со метаболизмот, воспаленија, настинки, остеопороза како и регулирање на крвен притисок.
Бидејќи содржи многу малку калории, а доста корисни состојки, карфиолот се препорачува при диети и овозможува чувство на ситост подолго време, а многу поволен е и во исхраната на бремените жени.
Важно е да знаете дека од карфиолот може да се користи и белиот и зелениот дел, иако обично е пракса зелените листови да се фрлаат.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград