Поврзи се со нас

Гостивар

ЈП „Русино-Полог“ со врзани раце, само Гостивар и Теарце платиле основачки влог

Објавено

на

ЈП Русино Полог беше формирано во декември лани, но не може да профункционира, оти повеќето општини не ја подмириле обврската со основачкиот влог. Претпријатието кое треба да ги преземе ингеренциите за менаџирање со Русино, како регионална депонија за Полог, за сега останува со врзани раце. Додека неговата судбина тапка во место, во регионот никнуваат се‘ повеќе диви депонии.

Од вкупно 9 полошки општини, пари дале само две, Гостивар и Теарце. Основачкиот влог е неопходен за претпријатието да може да обезбеди канцеларии, вработувања и други основни услови за работа.

„Жал ми е што повторно пред граѓаните уште еднаш излегувам со не многу поволни информации. Функционирањето на заедничкото јавно претпријатие го кочат општините, кои не ги исплатиле основните средства за коишто се договоривме. Крајниот рок на последната средба меѓу градоначалниците од полошките општини, со присуство на министерот за животна средина, беше 15 јуни. Вчера, 21 јуни проверивме во банка и видовме дека средства уплатиле само општините Гостивар и Теарце.“, информираше в.д директорот на претпријатието Бесим Догани.

За да профункционира претпријатието на сметка треба да легнат околу 20 илјади евра од полошките општини. Догани вели дека побарале помош и од Министерството за животна средина, но до сега не добиле ништо, ни во финансиски средства, ниту било каква друга поддршка.

Единственото опстимистичко во ситуацијата со Русино, Догани гледа во итните мерки за санација, кои течат на терен според предвиденото и се очекува да завршат при крајот на август.

„Мерките за санација одат според предвиденото. Патот до Русино е целосно асфалтиран и интензивно се работи на поставуавње на електронската вага и помошните куќички каде ќе се сместат вработените.“, кажа в.д директорот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 18 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 20 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 21 час

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена