Гостивар
Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Сончевото време им дојде во корист на пазарџиите во Гостивар. На денешниот вторничен пазарен ден на градскиот пазар може да се забележи раздвиженост и голем број купувачи кои ги полнат ќесињата. Понудата на тезгите е богата, како што е вообичаено за овој период од годината, кога има голем избор на секаков зеленчук и овошје.
Според она што го кажуваат трговците најмногу се купуваат домати, краставици, компир, млад кромид и лук, како и праски, кајсии и банани.
Јунски пазарен ден во Гостивар 20.06.2023
Еве како се движат цените (по килограм) денес на пазарот во Гостивар:
- Домат 40/70 денари (зависно од сортата)
- Краставица 30/40 денари
- Компир 40/50 денари
- Кромид 60/70 денари
- Млад кромид 20/30 денари
- Пиперка од 50 денари нагоре
- Боранија 150 денари
- Зелка 30 денари
- Јаболка 40/50 денари
- Јагоди 120 денари
- Лимон 60 денари
- Морков 60/70 денари
- Праски 70 денари
- Цреши 120/150 денари
- Банани 60 денари
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!