Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Кафе, дремка или двете заедно? Што е кофеинска дремка и како делува?

Објавено

на

Ако се чувствувате поспано, а сакате брзо да се разбудите и да бидете во форма, еве одлична идеја – испијте кафе и веднаш потоа дремнете.

Овој трик се нарекува „coffee nap“ или кофеинска дремка.

Можеби звучи лудо, поради конвенционалното верување дека кофеинот го попречува спиењето. Но, ако конзумирате кофеин непосредно пред дремката и спиете 20 минути или помалку, кофеинот влијае на вашиот мозок и ја зголемува будноста. Тоа е всушност генералната идеја.

Како функционира кофеинската дремка?

За да го разберете концептот, најпрво треба да се разбере дејството на кофеинот. По конзумирањето, кофеинот преку  тенкото црево преминува во крвотокот, а потоа во вашиот мозок. Таму, се инкорпорира  во рецептори кои вообичаено се пополнети со слични молекули наречени аденозин.

Аденозин е спореден производ на активноста на мозокот и кога  се акумулира на доволно високо ниво, прави да се чувствувате уморни. Кофеинот ги блокира рецепторите на аденозинот.

Потребни се околу 20 минути кофеинот да стигне до мозокот.

Кофеинот не го блокира секој рецептор на аденозин, туку тие се натпреваруваат меѓусебно. Тука стапува на сила кофеинската дремка. Спиењето природно го исфрла аденозинот од мозокот.

Ако дремнете подолго од 15 или 20 минути, поверојатно е да навлезете во подлабоки фази на спиење и потребно е подолго време да се опоравите. Кратката дремка генерално не предизвикува т.н. „инерција” и трае околу 20 минути, доволно за кофеинот да се прошири во организмот.

Од една страна, се обезбедува доволно време за кофеинот да почне да делува, а од друга страна се намалува нивото на аденозин. Кофеинот има помалку аденозин за блокирање и е драстично поефективен.


Експерименти кои ја поткрепуваат идејата

Во неколку различни студии, истражувачите од Универзитетот „Loughborough“ во Велика Британија, откриле дека уморните испитаници по 15-минутна кофеинска дремка прават помалку грешки во сообраќаен симулатор, отколку кога пиеле кафе и дремнувале одделно, или пак добивале бескофеинско кафе за да се провери плацебо-ефектот.

Во меѓувреме, јапонска студија покажа дека луѓето кои имаат кофеинска дремка пред решавање на серија мемориски тестови, постигнуваат значително подобри резултати во однос на оние кои само се одмориле. Тие, исто така, субјективно се оцениле како помалку уморни.

Интересно, постојат докази дека кофеинските дремки може да им помогнат на луѓето и за релативно долги периоди без соодветно спиење. Како дел од една студија, 24 млади луѓе се лишени од сон 24 часа, земајќи само кратки дремки. 12 од нив (плацебо) добиле значително полоши резултати на когнитивните тестови во споредба со нивните основни резултати. Останатите 12, кои добиле кофеин пред дремката, имале речиси идентични резултати како основните.

Како да се подготвите за кофеинска дремка

Кофеинската дремка е прилично јасна. Прво, напијте се кафе. Теоретски, би можеле и други кофеински пијалоци, но чајот и содата обично имаат многу помалку кофеин од кафето. Испијте го брзо, затоа е подобро кафето да биде ладно. Потоа, одете на спиење.

Не грижете се ако не заспиете лесно, дури и постигнувањето на тивка половично сонлива фаза може да биде од корист.

Конечно, бидете сигурни дека ќе се разбудите во рок од 20 минути, за да не навлезете во подлабоките фази на спиење. По неколку минути, ќе ги почувствувате ефектите од кофеинот.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 9 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 12 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 15 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 16 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 17 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 18 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 20 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 20 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 22 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Македонијапред 4 недели

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена