Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Како до доволен внес на витамин Д во зима?

Објавено

на

Во лето, витаминот Д го добиваме со изложување на сонце, но што да правиме во зима кога сонцето се крие? Витаминот Д е многу важен за нашето здравје и постојат начини да го добиеме во овој период од годината

Кога времето е сончево, луѓето обично се порасположени и повесели. Со доаѓањето на зимата, пократките денови и помалата сончева светлина, повеќето стануваат поспани, троми и полошо расположени. Им недостасува енергија и мотивација, а некои повеќе би сакале да ја спијат зимата и да се разбудат кога ќе се ’врати’ сонцето.

Не е ништо чудно. Во текот на зимата помалку сме изложени на сонце, а со тоа и на витамин Д, кој е една од причините за бавноста и недостатокот на енергија. Витаминот Д ни е важен и тој се синтетизира во кожата по изложување на сонце и е клучен за апсорпција на калциум и одржување на силни и здрави коски. Недостатокот на витамин Д може да предизвика кршливи коски, но и поголем ризик од воспаление, автоимуни и срцеви заболувања и намалена когнитивна функција. Затоа е толку важно да го поминуваме времето на дневна светлина во природа секогаш кога можеме.

Доза витамин Д можете да добиете и во зима, а еве и како!

Поминете ја вашата пауза на работа на свеж воздух

На зима се стемнува околу 16 часот и често пати се враќаш дома откако ќе се стемни. Малата сончева светлина не успеваме да ја собереме бидејќи престојуваме во канцеларии и работни простории. Па така ви препорачуваме, наместо пладневната пауза да ја поминете во менза или на маса, излезете малку на свеж воздух. Дури и неколку минути изложување на „сонце со заби“ може да ја подобри продуктивноста. Податоците покажуваат дека половина час изложување на сонце три пати неделно може да ви даде доза на витамин Д.

Јадете риба

И рибата може да биде одличен извор на витамин Д. Лососот, скушата, но и туната и сардината можат да ви обезбедат од 75 до 100 проценти од препорачаната доза на овој витамин. Покрај тоа, овие риби се богати со омега-3 масни киселини, кои се неопходни за нашето тело и помагаат во борбата против воспалението.

Добар избор се и печурките

Печурките се и природен извор на витамин Д. Оние кои биле изложени на сончеви зраци имаат најмногу, па затоа за дневна доза од овој витамин јадете печурки за ручек. Тоа може да бидат и шампињони. Јадењето печурки може да ја задоволи потребата за витамин Д.

Добар избор се и јогуртот и јајцата

Многу производи што можете да ги најдете во продавниците се богати со витамин Д. Ова го вклучува млекото, сокот од портокал, млечните производи, па дури и јогуртот. Освен тоа, добар избор се и варените јајца. Тие се богати со протеини, минерали и витамин Д. Јајцата се разновиден и достапен извор на овој витамин.

Доколку е потребно, земете додаток во исхраната

Во зависност од тоа како и каде живеете, може да имате поголем ризик од недостаток на витамин Д. Додаток во исхраната би можеле да им требаат на постарите луѓе кои не можат долго да останат надвор, но и на оние со специфични медицински состојби како што се заболување на црниот дроб и цистична фиброза. Во тој случај консултирајте се со лекар и доколку е потребно посегнете по овој начин на добивање витамин Д.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена