Деца Родители
Како песничките влијаат на говорниот развој кај бебето?

Песничките што возрасните им ги пејат на бебињата и тоа како малечките реагираат на ритамот и движењата, има влијание врз говорниот и јазичен развој на детето, според ново истражување спроведено во Универзитетот на Виена во Австрија.
Музиката игра важна улога во секојдневниот живот на луѓето уште од рана возраст. Поаѓајќи од тоа, научниците си го поставија прашањето – како новороденчињата реагираат на различните ритми на песните што нивните родители им ги пејат и какви последици има перцепцијата и обработката на овие ритми врз развојот на говорот? Во испитувањето, мајките им пееле две познати детски песни на своите седуммесечни бебиња – „приспивна“ и „весела“.
Мозочната активност на бебињата притоа била мерена со електроенцефалографија (ЕЕГ). Биле бележани и ритмичките движења на бебињата (на пр. лулањето и слично).
Кога овие деца навршиле 20 месеци, родителите одговараа на прашања околу речитоста на нивните деца.
Сѐ на сѐ, на бебињата им било полесно да ја следат „приспивната“ песна. Но, бебето покажува повеќе ритмички движења додека ја слуша „веселата“ песничка. Занимливо е што само „веселата“ – во комбинација со ритмичките движења позитивно влијаат на речникот на децата на 20-месечна возраст, според начниот труд.
Натамошните испитувања, според истражувачите, ќе се насочат кон развојот на повеќе интервентни програми за подобрување на музичката интеракција меѓу родителите и бебињата, како и умствено-јазичниот развој на децата во нивната најрана возраст.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо