Поврзи се со нас

Занимливости

Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот

Објавено

на

Кубанските цигари се еден од симболите по кои оваа островска земја е позната во целиот свет. Во исто време тие претставуваат и убав подарок за добар пријател или член од семејството, без разлика дали се пушачи или не. Еве како настануваат најдобрите светски цигари.

Real Fabrica de Tabacos Partagas (Портагас Фабрика) е главната фабрика за производство на цигари во земјата и токму од таму може да дознаете како всушност тече процесот на производство на познатите Коиба (Cohiba) цигари.

До почетокот на 80′ години, Коиба цигарите не можеле да се купат. Само посебни гости на Куба имале привилегија да ги добијат како подарок. Вилата во која се прават, му припаѓа на Фидел Кастро и во неа може да се влезе само со специјална дозвола. Што се случува внатре?

Денес кубанската Коиба се смета за најголем кубански бренд. Името потекнува од древен збор на индијанците од племето Таино кој означува сноб листови од тутун, кој е пак најстара позната форма на цигара, додека современиот назив Коиба влече корени од средината на 1960-та година кога телохранителот на Фидел Кастро споделил некои свои приватни залихи од цигари, на кого му ги направил локален мајстор по име Едуардо Ривиера. Овие цигари многу му се допаднале на Кастро така што нивното производство започнало во 1966-та година, под строги мерки за безбедност, работени за големиот лидер и други високи владини службеници. После петнаесеттина години, оваа цигара е лансирана на светскиот пазар во 1982 година, како премиум цигара надвор од САД, во соработка со организаторите на Светското фудбалско првенство кое се одржа во Шпанија истата година.

Во времето на своето прво лансирање, Коиба брендот се правел во само три големини: The Panetela, Corona Especial и Lancero. Во врска со сето ова Фидел Кастро го кажал следново:

„Го гледав човекот како пуши многу ароматична, многу убава цигара и го прашав од кој бренд е. Ми рече дека тоа е посебна мешавина и дека доаѓа од негов пријател кој правел цигари и тој му ги дал. Ја пробав таа цигара, беше толку добра што веднаш прашав како го направил тоа? Потоа ја посетивме неговата куќа (El Laguito fabrika) и тој ни објасни каква мешавина од тутун користи. Кои листови и од кои тутунски плантажи. Ни објасни како ги витка цигарите и други детали. Најдовме група на производители на цигари, им дадовме материјал и начин по кој треба да работат и така се создаде фабриката. Сега Коиба е позната во целиот свет.“

Во тоа време Куба беше во транзициски период, револуцијата на својот завршеток, громогласните политички пароли се претворија во пракса на Фидел Кастро и на неговите верни поданици. Во вакви услови, во Кастровата вила El Laguito започна производството на луксузни цигари под раководство на дотичниот Едуардо Ривиера. Не е познато што побрзо дошло до Фидел Кастро, гласините за необичната вештина на правење на цигарите или изненадувачкиот јак вкус на цигарата, но факт е дека дека Ривиера бил на раководна функција во фабриката т.е гаранција за квалитет.

Тајната на кубанските цигари лежи во топлото тло на Pinar del Ria, главното одгледувалиште на тутун на Куба, каде листот на тутунот расте во црвенкастата земја во региононт познат како Vuelta Abaho. Климата игра голема улога. Хармонијата помеѓу климата и земјиштето ја прават Куба најпогодна за одгледување тутун од врвна класа. Семето од кубанскиот тутун кое било посеано во Доминиканска република, Никарагва и Мексико давало сосема други резултати, сосема различни. Никој подобро не го разбира одгледувањето, преработката и правењето на цигари од Кубанците.

Првата и задолжителна фаза во производството на цигарата е ферментацијата на тутунот. Овој процес е доста сложен и се одвива во неколку фази. Крајната цел е да се подобри вкусот на тутунот и да се намали нивото на никотин, катран и разни амонијаци. Најпрво собраните листови се сушат во херметичка амбалажа. Специфичен вкус во веќе сувите тутунски листови го внесува повторената ферментација, додека тутунот се чува во темна и затворена просторија. Со финалната трета фаза на ферментација се доаѓа до максимална искористеност на листот тутун за виткање на цигарата. Со строго придржување до сите фази на овој сложен биохемиски процес се обезбедува секоја кубанска цигара да биде постојана, да стекне незаборавен вкус и совршен квалитет, достоен на нејзиното име како премиум бренд.

После долгиот процес на ферментација тутунот се изнесува на дневна светлина и го чека исто така долго патување од тутунската фабрика до некоја од продавниците ширум светот. Контролата на движењето на тутунот од тутунските компании па се’ до некоја од продавниците е исто така регулирана со тоа што секој од вработените во тутунската индустрија обавува низа активности. Таквите работници се викаат tabaquero, а меѓу нив, случајно, има многу жени.

Се отстрануваат оштетените и премногу дебелите листови тутун и инсектите, се сортираат по боја, а потоа се праќаат во следната производствена линија каде што се прави комбинирањето. Во оваа фаза се избира тутунот според сортата, потоа се меша. Тука се дефинира вкусот на етерични масла создадени на база на сортна мешавина. Ова е можеби најважната фаза од самото производство, затоа ја обавуваат само врвни и докажани професионалци. Оваа должност не ја обавуваат случајни луѓе, можеби побзо ќе се вработите во Гугл отколку да се квалификувате за оваа одговорна работа во Коиба.

Следната производствена фаза, логично, произлегува од сите предходни: во работата настапуваат тутунџиите кои се одговорни за формата на пурата. За да добиете финален производ со вистинска форма мора да бидете вешт со чавета – нож со кој се отсекува стебленцето и работ од секој лист. Ако основата на цигарата се состои од еден цел лист тутун, тогаш нема пречка во циркулацијата на воздух низ цигарата. Пушачите на тој начин се во состојба потполно да уживаат во најфините ароматични нијанси.

Аромата на цигарата ќе биде одредена врз основа на листовите тутун кои го прават централниот дел од цигарата. Мештаните ја нарекуваат трипа. Во нејзината основа се наоѓаат неколку цели листови тутун, од нај мирисните па до оние посуровите, наредени во форма на хармоника. По правило, трипата се состои од три листа. Така што, ако првиот лист е најароматичниот, другите два се “одговорни“ за мек вкус и добро согорување.

За полнењето да се одржува компактно и тутунот да не се распаѓа, се мота во капоте – издржлив тенок лист, кој предходно се пресува според саканиот облик.

Изгледот на цигарата го одредува капој – тоа е оној дел од цигарата кој се состои од најскапите листови тутун, импрегнирани со најдобрите етерични масла.

Додека се сортираат цигарите по кутии се зема во предвид дебелината и бојата. Ова знаење е на располагање на само мал број на луѓе. Оваа производствена фаза ја контролираат само најискусните мајстори.

Полека, но сигурно, доаѓаме до завршната фаза од производството на луксузните кубански пури – етикетирањето. Вештите раце на работниците со самоуверено маневрирање низ кутиите полни со цигари ја нанесуваат неопходната документациона ознака. Треба да се напомене дека не станува збор за никаква автоматизација. Сите ознаки се нанесуваат рачно, а секоја од нив е строго евидентирана.

Цигарите се чуваат во простории во кои нема големи разлики во температурата. Во идеален случај цигарите треба да се чуваат во посебни кутии направени од благородно дрво, хјумидор. Со чување во такви поволни услови, секоја цигара има добри шанси да опстои дури десет години со сиот свој сјај.

Коиба фабриката во 2019-та година го прослави својот 50-годишен јубилеј, а по повод прославата на 40-годишнината пуштена во продажба е најскапата цигара во светот Коиба Бехике. Потврдено е дека самиот поглед на ова чудо предизвикува желба за пушење дури икај оние кои никогаш не помислиле на тоа.

Велат процесот на пушење на овие цигари одамна го надминал статусот на навика и ја зел формата на потполно рамноправен културолошки феномен. Пушењето на оваа цигара претставува вистински ритуал. Вистинскиот уживател, најпрвин ја помирисува цигарата, потоа полека ќе ја протрие низ рацете и ужива во неа пред да ја запали. Велат дека треба да се конзумира полека, никогаш во текот на работата или на улица. Чадот треба да се вовлекува дури на секоја минута. За вистинскиот љубител, кубанскита цигара е можност за уживање во единствена комбинација на вкус и арома.

Кубанските цигари се луксуз и тоа нималку евтин, бидејќи како што напоменавме, се прават од квалитетни сировини, а во изработката на секоја поединечна цигара се вложува многу внимание и грижа. Фактот дека многу тешко се наоѓаат надвор од Куба ги прави уште повредни.

Еден дим од добра кубанска цигара им ги затвора вратите на сите вулгарности од овој свет, напишал Франц Лист. Принцот од Велс, идниот крал Едвард VII кој своевремено ја диктирал европската мода, бил страствен пушач на кубанските цигари, а и покрај негодувањето на неговата мајка, кралицата Викторија, дозволил пушењево кралскиот двор.

Многу славни личности од историјата и денес се испробале во уметноста на пушењето на кубанските цигари и биле пресудни во популаризацијата на култот за цигарите. Алберт Анштајн, Чарли Чаплин, Џек Николсон, Францис Форд Копола, Серџо Леоне…

Најголемиот познат уживател во цигарите бил сер Винстон Черчил. Се зборува дека во просек уживал во 4000 цигари годишно. Пушел помеѓу 8 и 10 цигари дневно, Во негова чест денес постои стандардна големина, таканаречена Churcill size, за цигари долги 7 инчи (17,8 cm), кои тој ги сметал за совршени за завршување на успешен ден.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Македонијапред 2 недели

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Вестипред 3 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележани 80 години од загинувањето на борецот херој, Сретко Крстески

Гостиварпред 2 недели

Пронајдени гранати при ископ на тротоар во Гостивар

Македонијапред 4 недели

Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година

Гостиварпред 3 недели

Пукање на улица во Гостивар, едно лице лишено од слобода

Гостиварпред 2 недели

Таравари во болницата во Гостивар промовираше инвестиции од околу 400.000 евра

Гостиварпред 4 недели

Повреден 18 годишник од Гостивар на забава во викендица во Маврово

Гостиварпред 1 месец

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 3 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 9 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 1 година

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена