Занимливости
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни

Во продолжение ви претставуваме неколку едноставни, но многу мудри цитати на Лав Толстој за животот, уверувањето, среќата.
Кога држел предавања за руската и компаративната книжевност на Конрел Универзитетот и колеџот Велсли, руско – американскиот писател Владимир Набаков, секое предавање го започнувал така што ги навлекувал завесите. Во апсолутен мрак тој започнувал: „Ако замислите дека руската литература е небото, тогаш ова е Гогољ“ и вклучувал една ламба на плафонот.
Тогаш повторно го притискал прекинувачот и велел: „Еве ги и Чехов и Достоевски“, и се вклучувале уште две ламби. Потоа, Набоков ги повлекувал сите завеси со брзо движење. Училницата останувала заслепена од сонцето и тогаш Набоков велел: „А ова е Лав Толстој“.
Знаеме дека Лав Толстој бил голем руски писател и филозоф, но ретко кој знае дека бил против тоа, уметноста да биде во приватно сопствеништво, туку сметал дека треба да припаѓа на целокупното човештво. Неговото непризнавање на црквата и државата, направило да го сметаат за христијански анархист, кој ја мразел приватната сопственост, ја осудувал суетата и бил единствениот човек во историјата, кој ја одбил Нобеловата награда за литература.
Во прилог ви претставуваме некои од неговите едноставни, но многу мудри цитати, за животот, љубовта, уверувањето и среќата.
- Во нашиот свет, сите размислуваат за менување на општеството, а не на самите себе.
- Оној кој знае да чека, се му доаѓа навреме.
- Големите работи се едноставни и скромни.
- Два најголеми борци се трпението и времето.
- Секогаш мислиме дека другите не сакаат, затоа што сме добри, но никогаш не мислиме дека оние кои не сакаат се добри.
- Љубовта е животот. Се што разбирам и знам, разбирам, единствено затоа што сакам.
- Кога некого сакате, сакајте ја таа личност за тоа што е, а не за тоа каква личност би требало да биде.
- Најголемите вистини се едноставни.
- Вистина, како и златото, не може да се посее и да порасне, туку се добива со чистење и отстранување, на се што не е злато.
- Еден од првите услови на среќата е врската помеѓу Човекот и Природата да не биде никогаш прекината.
- Постои само едно време, кое е важно – сега! Тоа е најважно време, бидејќи само тогаш имаме било каква моќ.
- Погрешното, не престанува да биде погрешно, бидејќи поголемиот дел е во него.
- Може да се живее добро во овој свет, ако се знае како да се работи и како да се сака.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Гостиварпред 1 месец
Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар во пресрет на Новата Година