Рецепти
Како се прави овој неодолив традиционален турски десерт?

Љубителите на благото несомнено ќе ги израдува една порција од овој традиционален турски десерт со име Мухалебија (Мухалеби). Подготовката е лесна и брза, а поголемиот дел од вас ги имаат сите потребни состојки во кујна, па не мора да трчате до продавница.
Состојки:
100 гр. путер
5-6 лажици гриз
1 шолја шеќер
1 кесе ванилин шеќер
1 литар млеко
околу 30 грама кокосово брашно
Подготовка: На умерена температура растопете го путерот, па додадете го гризот и мешајте 2-3 минути. Потоа додавајте го млекото мешајќи цело време. Следуваат шеќерот и ванилиниот шеќер, по што смесата се вари додека не згусне. На крај се додава и кокосовото брашно, и се вари уште 3-4 минути.
Вака подготвениот десерт се става во стаклени садови и кога ќе се излади може да се украси по желба со кокос, ореви или цимет.
Во помодерните верзии, на основниот рецепт му се додава рендано чоколадо, мармалад и слично.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022