Вести
Католиците го слават Велигден

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија што ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. Тој им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.
– Исус со своето воскресение одговори на проблемот на страдањето, внесувајќи нова светлина во светот и оживување на земните надежи со „големата надеж“ за вечен живот. Папата Бенедикт XVI, во својата енциклика Spe Salvi – Спасени преку надежта, вели: „Искупувањето ни е понудено во смисла дека ни е дадена надеж, сигурна надеж, преку која можеме да се справиме со сегашноста“. Тој вели дека препознатлива христијанска карактеристика е тоа што имаат иднина. Иако не се темелно запознаени со она што ги чека, знаат дека животот не им е залуден. Верувам дека сите ние, како и нашите браќа и сестри кои во овој миг се погодени од страданијата и сите маки се носени со оваа надеж, бидејќи „оние кои се надеваат на Господ, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат“ (Исаија 40,31). Само гледајќи во воскреснатиот Христос можеме да го прифатиме сето она што ни го носи животот во времето во кое живееме. Ние христијаните живееме во светот и одиме во светлината на верата, иако понекогаш се среќаваме со темнината на неверувањето. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите.“, рече епархот Киро Стојанов.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава