Поврзи се со нас

Вести

„Кажи НЕ на говорот на омраза“ – проект на полицијата со гостиварските средношколци

Објавено

на

 

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Кажи НЕ на говорот на омраза“, чии носители се Отсекот за превенција и ОБСЕ, во соработка со тетовската и гостиварската локална самоуправа.

Како што најавуваат од СВР, со проектот, овој и наредниот месец, ќе бидат опфатени околу 4.000 ученици во прва година од трите гостиварски и петте тетовски средни училишта, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

„Ќе бидат организирани посебни предавања, што ќе ги одржуваат стручно обучени полициски службеници, во функција на подобрување на разбирањето меѓу учениците од различна етничка припадност“, потенцираат организаторите.

По завршувањето на предавањата, ќе биде објавен ликовен конкурс на тема: „Живеј во хармонија со другите“.

Делата кои ќе бидат избрани како најдобри ќе бидат претставени на посебна изложба, чија цел е подигнување на свеста кај младите за важноста на толеранцијата и почитувањето во етнички мешани заедници.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена