Гостивар
Казни за 188 брзи возачи во Гостивар и Тетово
Вчера (31 март) од 8 до 23 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена била акциска контрола за санкционирање на возачи што возат побрзо од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 188 пречекорувања на максимално дозволената брзина.
Како што информира полицијата, 132 пречекорувања на максимално дозволената брзина регистрирани се надвор од населено место (Тетово-65 и Гостивар-67), од кои 12 возачи пречекориле за над 70 километри на час, а 27 возачи за над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
При контролата, исто така, санкционирани се и 56 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (Тетово-48 и Гостивар-8), од кои 2 возачи пречекориле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а санкционирани се и 12 други видови сообраќајни прекршоци.
На возачите-прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски