Поврзи се со нас

Вести

Киселата зелка носи само здравје

Објавено

на

Киселата зелка е зимница која скоро сите луѓе ја подготвуваат. Подготовката воопшто не е комплицирана и не одзема многу време, а благодатите кои таа ги дава по однос на здравјето се значително големи.

Општо е познато дека расолот или киселата зелка е извор на витамин Ц. Но дали само тој витамин е присутен во нејзиниот состав, или киселата зелка е нешто многу повеќе?

Наназад низ историјата киселата зелка се користела за лечење на шеќерна болест, разни видови воспаленија, гихт, изгоретини и многу други заболувања.

Со испитувања кои се вршени долги години е докажано дека киселата зелка многу подобро и поуспешно лечи одредени болести отколку некои видови лекови кои се наменети за лекување на тие болести.

Причината за лековитоста на киселата зелка е во нејзиниот состав. Имено, 100 грама кисела зелка содржи 20 мг. витамин Ц, потоа витамин А, Б12, фолна киселина, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калај, натриум и белковини.

Препорачано е да ја користат сите луѓе од сите возрасти, а најмногу старите лица и малите деца. Поради изобилството на витаминот Б12 најмногу ја користат вегетаријанците и веганите.

Киселата зелка како многу добар и успешен лек се има покажано при лекување на нарушување на цревната флора, лечење на желудникот и цревата со што го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, го чисти и го регенерира џигерот и ги ублажува последиците при лечење со антибиотици и лечење со хемотерапија.

Киселата зелка ја прочистува крвта и го зајакнува имунолошкиот одбранбен систем на организмот. Исто така киселата зелка помага за зараснување на рани и изгоретини, помага при реума и воспалени и проширени вени.

Се користи како смирувачко средство против убод од инсекти, особено од пчели и оси. Локално на местото се става лист од кисела зелка и местото се преврзува со завој или газа. Се остава да постои неколку часа, по што отровот сосема ќе биде извлечен од кожата.

При појава на неподнослива главоболка, неколку листови кисела зелка се ставаат на челото и главата се преврзува со поголема крпа. После отприлика половина час главоболката ќе биде минато.

Но не е само киселата зелка лековита, лековита е и водата во која се става да стои зелката пред да стане кисела. И таа како и зелката е богата со витамини, меѓу кои најзастапени се Ц, Е, К, Б и У, кој е еден од најретките витамини и е многу важен при лечење на чир на желудник и чир на дванаестопалачното црево.

Во народната медицина водата од киселата зелка се има покажано како успешен лек при лекување на глувост. Пред спиење поголемо парче памук се натопува убаво во водата од расолот и се става во увото. Се спие со него и наредното утро се вади од увото. Постапката се повторува неколку пати со ред.

Кај нас најпозната примена на расолот е за ублажување на мамурлак, но без разлика дали имате здравствен проблем или не, ве советуваме во текот на целата зима, колку што можете почесто да јадете кисела зелка и да пиете од водата во која таа се става за да бидете здрави и отпорни на вируси, настинки и болести кои се многу честа појава во текот на зимата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 5 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 9 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 10 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 12 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 14 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 15 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена