Вести
Клуч на врата на текстилниот гигант „Тетекс“ Тетово

По речиси 70 години постоење, тетовски „Тетекс“ се затвора. Приказната за текстилниот гигант од Тетово, завршува со клуч на врата.
За околу 150 вработени во фабриката, денешниот беше последен работен ден. Од утре, целосно престанува производството. Според раководството, затворањето на фабриката било неминовно, поради нерентабилноста.
Погонот Конфекција изминативе неколку години работел само за извоз, но состојбите не биле задоволувачки. „Нас текстилците нѐ победи Далечниот Исток со многу ниски цени на текстилот и не можевме да го издржиме тоа“, велат од раководството на фабриката.
За отпуштените работници ќе се примени колективен договор, кој ги опфаќа работничките права за отпремнина и пензионирање.
Тетекс започнал со работа како Волнарски комбинат “Тодор Ципровски-Мерџан”, на 25 мај 1951 година, со пуштањето во погон на Предилницата за волнена преѓа.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар