Занимливости
„Книгите на пријателство“ биле Фејсбукот на 16-тиот век
Социјалните мрежи можеби се своевиден постер на 21-от век, но идејата зад Фејсбук и Инстаграм влече корени од многу, многу одамна.
Во XVI век благородниците од Северна Европа биле далеку пред своето време. Во 1560 година младите луѓе од денешна Холандија и областа околу Рајна не разменувале дигитални „лајкови“ и „твитови“, но имале начин да ги споделат своите ставови и коментари на туѓото мислење, да бараат совети и да уживаат во некоја мелодија којашто била популарна. Сето тоа се правело преку „alba amicorum“ или во превод „книга на пријателство“.
Овој тренд всушност го започнале младите мажи кои ги напуштиле своите домови за да патуваат низ Европа и да посетуваат разни училишта и универзитети, како дел од нивното високо образование. На тие патувања, при средби со некои филозофи, научници или колеги, им давале книга на пријателство, за тие да напишат кратка порака, белешка или за да го документираат состанокот. Истакнатите уметници, пак додавале илустрации во книгите.
Жените во тоа време најчесто немале можност да патуваат и да се среќаваат со големи умови, но и тие воделе книги на пријателства. Нивните повеќе содржале лични, интимни видувања и мисли. Жените во своите книги цртале, споделувале тајни, пишувале шеги и ги озборувале нивните додворувачи. Како резултат на префрлање од пријателка на пријателка, овие книги биле помалку уредни за разлика од машките книги.
Денес на социјалните мрежи ставаме и споделуваме линкови и гифови. Тогаш, во книгите се испишувал текстот на новата популарна песна, или се илустрирала некоја ситуација. Се пишувале и заеднички белешки при стапување во брак.
Тоа што е заедничко во целата идеја е што и книгата на пријателство, била начин да се покаже кој е популарен, колку пријатели и познаници има итн. Сепак, на еден многу покреативен начин и посветување на многу повеќе време.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар