Вести
„Кога љубовта се троши како креда“ – збирка на македонски јазик од гостиварецот Лулзим Хазири
Деновиве од печат излезе збриката поезија „Кога љубовта се троши како креда“ од поетот Лулзим Хазири од Гостивар. Се работи за преводи на шеесетина песни на македонски јазик поместени во девет циклуси со различна тематика: љубов, секојдневие, меѓучовечки односи, поетско обраќање кон најблиските, интимни исповеди…
„Различно од многумина други, Лулзим Хазири не ја смета поезијата како памфлет за пишување на вообичаени рефрени. Неговата поезија не ја трпи тривијалноста, не го трпи отсуството на креативност, не го трпи експлоатираниот фигуративен јазик, не ги трпи крутите форми. Светот кој го опркужува е тесен за неговата душа и бара повеќе токму од тој свет. Како што вели Достоевски, тој не претендира да го смени светот, но со неговата уметност го прави поубав. Во поезијата на Лулзим Хазири обичните нешта заживуваат“, пишува рецензентот Салајдин Салиху.
Преводот на песните од албански на македонски јазик го направи поетесата Линдита Ахмети, а збирката е во издание на издавачката куќа „Готен“.
Лулзим Хазири е роден 1962 година во Гостивар. Автор е на четири збирки поезија, има објавувано и раскази како и есеи и колумни. Неговата поезија е преведувана на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е на полето на заштита на човековите права.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар