Вести
Средба на Таравари со печалбарите – иницијатива за здружени инвестиции
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари оствари средба со иселениците кои за време на новогодишните празници престојуваат во родниот крај.
Печалбарите ги образложија своите забелешки, предлози и сугестии и излегоа со конкретна идеја за формирање здружение на иселеници кое ќе се ангажира за здружување на нивниот капитал и инвестирање во родното место.
Градоначалникот даде поддршка на иницијативата и уверување дека тој и општинската администрација ќе бидат на располагање да се помогне на сите можни начини печалбарите да го инвестираат својот капитал во татковината.
Таравари ја искористи средбата да ги запозне иселениците со актуелната состојба во општината на чие чело застана по локалните избори.
“Ја наследивме општината со огромни долгови од над 2 милиони евра, покрај долгот на јавните претпријатија чија вредност најверојатно е четирикратно повеќе од долгот на општината. Наследивме крајно партизирана општинската администрација, јавни претпријатија и училишта. Ги употребивме сите средства и се уште правиме напори да не се блокира работата на советот, но од другата страна наидуваме на отсуство на волја и ирационални барања, како што е да ги задржиме на работа нивните партиски војници кои не само што ништо не работат, туку и воопшто не доаѓаат на работа“, изјави градоначалникот.
Од 15 декември во општина Гостивар функционира Канцеларија за иселениците, која ќе работи до 15-ти јануари. Според најавите, во текот на летниот период, канцеларијата ќе биде отворена три месеци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ