Поврзи се со нас

Гостивар

Кој е ставот на МОН по предлогот на Таравари за продолжен зимски распуст?

Објавено

на

Изминатиот период градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во два наврати јавно го истакна својот предлог за продолжување на зимскиот распуст, а кратење на летниот, во насока на штедење струја. За да се реализира тоа, барањето треба да добие зелено светло од Министерството за образование и наука. Сепак, од МОН велат дека за сега не се зацртани таков тип на промени во текот на учебната година. Во одговорот што Gostivarpress.mk го доби од Министерството на прашањето – дали го разгледале барање на Таравари и кој е нивниот став по однос на предлогот, стои:

„Ставот на Министерството за образование и наука е дека училиштата треба да бидат постојано отворени за време на учебната година и наставата да се организира со физичко присуство, бидејќи тоа е од најдобар интерес на учениците, а воедно и предвидено во календарите за организирање на работата на основните и средните училишта во учебната 2022-2023 година. Сепак, МОН ќе ја следи состојбата и во меѓувреме ќе се разгледуваат сите пристигнати иницијативи и за било какви нови одлуки, јавноста навремено ќе биде известена. Во овој момент и за општините и за училиштата под нивна надлежност, важат препораките и мерките за штедење на електрична енергија кои неодамна ги објави Владата на Република Северна Македонија.“

Гостиварскиот градоначалник алармираше дека на општините им се заканува сериозна финансиска криза и дека нема да можат да ги подмируваат сметките за електрична енергија за училиштата во грејната сезона, апелирајќи учениците да бидат на зимски распуст во декември и јануари. Наставниот процес, според него, би се компензирал со кратење на дел од летниот распуст.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена